Мотивациски Ротаракт Викенд 8-10 Април Неготино

13007098_1757983727757218_6597243373798528409_nТрадиционално по втор пат заедно со Ротаракт Клуб Скопје – Центар организиравме национален Мотивациски викенд наменет за Ротаракт Клубовите од Македонија, кој оваа година се одржа во периодот од 8-10 Април во хотел Памела Неготино. Мотивацискиот викенд семинар е прв семинар од ваков тип кој што се организираше по вторпат во Република Македонија.

На мотивацискиот викенд присуствуваа 39 млади истакнати просперитетни лидери Ротаракторци од повеќе градови како Скопје, Битола, Куманово, Кочани и Неготино.

Целта на овој Мотивациски викенд е вмрежување и подобрување на личните, комуникациските и деловните односи помеѓу Ротаракторците со цел служење на заедницата.

Учесниците поминаа прекрасни 3 дена во дружење со успешни Ротаријанци и Ротаракторци, со инспиративни и поучни сесии и тематски забави. Целта на семинарот беше подобро меѓусебно запознавање и вмрежување на Ротаракт членовите од Ротаракт клубовите од целата држава со цел од тоа да произлезат и многу заеднички проекти за доброто на заедницата.со едни од најуспешните Ротаријанци од нашата земја. Ротаријанците во улога на предавачи на семинарот ги пренесоа своите успешни приказни и ги мотивираа. учесниците и понатаму да и служат на заедницата најдобро што можат.

Благодарение на прекрасните работилници и презентации учесниците имаа можност да стекнат основни практични вештини за емоционална интелигенција, за деловно комуницирање и да ги прошират знаењата за Ротари и Ротаракт, особено за дистриктирањето.Посебна благодарност на предавачите за пренесеното знаење на овој семинар, Нела Јолеска, Константин Петковски и Александар Сеизов, кои придонесоа за збогатување и проширување на видиците на учесниците.

Огромна благодарност до луѓето, производите, компаниите кои го поддржаа овој семинар:
– Ред Бул
– Синалко, Кожувчанка, Изворска
– Виталија
– Прилепска пивара
– Тиквеш
– Телекабел
– Алфа Банка
Голема благодарност и до хотел Памела – Неготино, за прекрасната услуга и гостопримство.

Линк до fb галерија

Химна на Ротари | Anthem of Rotary

audio

Artist: Rotary
Song: Rotary
Album: Rotary

Настани | Events

Придружи се на Facebook! | Find us on Facebook!

Следете не на Твитер | Follow us on Twitter

%d bloggers like this: