Mотивациски семинар организиран од Ротаракт клубовите Битола Широк Сокак и Скопје Центар

Ротаракт клубовите Битола Широк Сокак и Скопје Центар во периодот од 3ти до 5ти април во хотел Солферино, во Струга организираа Мотивациски семинар. Мотивацискиот семинар е прв семинар од ваков тип кој што се организираше во Република Македонија.

13
На овој семинар меѓу организаторите клубови – Ротаракт Клубовите Битола Широк Сокак и Скопје Центар учествуваа и голем број на членови од Ротаракт клубовите: Ротаракт Клуб Скопје, Ротаракт Клуб Куманово, Ротаракт Клуб Битола, Ротаракт Клуб Прилеп и Ротаракт Клуб Охрид кои што дадоа голем придонес за овој семинар преку своето учество.
4Учесниците поминаа прекрасни 3 дена во дружење со успешни Ротаријанци и Ротаракторци, инспиративни и поучни сесии и тематски забави. Целта на семинарот беше подобро меѓусебно запознавање и вмрежување на Ротаракт членовите од Ротаракт клубовите од целата држава со цел од тоа да произлезат и многу заеднички проекти за доброто на заедницата.

Ротаракт членовите имаа можност да се запознаат со едни од најуспешните Ротаријанци од нашата земја. Ротаријанците во улога на предавачи на семинарот ги пренесоа своите успешни приказни и ги мотивираа учесниците и понатаму да и служат на заедницата најдобро што можат. Меѓу предавачите на семинарот беа: Раде Христовски и Игор Неделковски од Ротари Клуб Битола, Зоран Дранговски од Ротаракт Клуб Скопје, Аница Палацо од Ротари Клуб Охрид, Димитар Јуруковски од Ротари Скопје и Игор Андреевски од Ротари Клуб Скопје Центар.

1Успешноста на оваа иницијатива беше особено потенцирана од страна на Ротари Клубовите од Македонија, а со тоа Ротаракт клубовите Битола Широк Сокак и Скопје Центар беа и дополнително мотивирани и понатаму да прават и да организираат уште многу проекти со кои што ќе и служат на заедницата. Оваа активност се очекува да прерасне во традиционална активност која секоја година ќе вклучува уште многу учесници кои ја споделуваат Ротаријанската идеја.

Химна на Ротари | Anthem of Rotary

audio

Artist: Rotary
Song: Rotary
Album: Rotary

Настани | Events

Придружи се на Facebook! | Find us on Facebook!

Следете не на Твитер | Follow us on Twitter

%d bloggers like this: