Успешно завршена акцијата со опремувањето на школската библиотека при ОУ “Крсте Петков Мисирков” – Бистрица

12674158_10209440743602419_1505393768_n„Поттикнати од желбата да ја продолжиме традицијата на предновогодишна хуманитарна забава, кон крајот на месец декември Ротаракт клубот Битола Широк Сокак организраше уште една таква под мотото: “Играта продолжува со пишан збор”. Овој пат се собираа книги за предшколска возраст и истите беа наменети за библиотеките со помал фонд на книги.“ – информираат од Ротаракт клубот од Битола

Прибраниот фонд на книги само ја потврди успешно организираната хуманитарна забава на која присутните несебично издвоија време за присуство и ги донираја своите книги или пак купуваја од штандот поставен во Хауз бар, односно местото каде што се организираше хуманитарната забава.

Ротаракт клубот Битола Широк Сокак со организирање на ваквиот настан и прибирање на солиден фонд на книги, освен донација во книги одлучи од свои средства да надогради и разубави нечија училишна библиотека, а едногласно бордот на клубот одлучи тоа да е библиотеката на основното училиште Крсте Петков Мисирков во Бистрица.

По максимално вложениот труд стигнавме и до целта, а тоа значеше и разубавена и со книги побогата библиотека на која и учениците и вработените во училиштето ќе се радуваат и правилно ќе ја користат – додаваат од клубот.

Химна на Ротари | Anthem of Rotary

audio

Artist: Rotary
Song: Rotary
Album: Rotary

Настани | Events

Придружи се на Facebook! | Find us on Facebook!

Следете не на Твитер | Follow us on Twitter

%d bloggers like this: