Ротаракт Широк Сокак Битола донира 600 книги на ОУ „Александар Турунџиев“ во Кукуречани

Ротаракт Широк Сокак Битола, денеска (30.03.2017г.) донираше 600 книги за школска возраст и возобнови голем дел од полиците во библиотеката на ОУ „Александар Турунџиев“ во Кукуречани. Книгите беа собрани преку  хуманитарна забава под името „Играта продолжува…со пишан збор#2“ која се одржа во Бар чаршија  на 24.12.2016 година.

2

Играта продолжува…со пишан збор#2“ имаше за цел  собирање на книги за млади ученици, кои ќе бидат донирани во училишта каде што има потреба од збогатување на нивната училишна библиотека. Во акцијата беа вклучени учениците од основните и средните училишта на кои за донираните книги и посветеното внимание им беа доделени благодарници, како и Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола и Педагошкиот факултет од Битола на кои би сакале да им изразиме посебна благодарност.

„Играта продолжува… со пишаниот збор“ е продолжение на проектот кој беше организиран и минатата година кон крајот на месец декември кога преку донација во книги и средства беше опремена и збогатена со книги училишната библиотека на ОУ “Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица.

Како и минатата година, Ротаракт клубот одлучи и во ова училиште да ги замени старите полици во библиотеката со нови, со што училишната библиотека доби нов лик, и ќе помогне во доближување на книгата до младите.

“Кога некому подаруваш книга, отвoраш можност да спознае цел нов свет”.

Химна на Ротари | Anthem of Rotary

audio

Artist: Rotary
Song: Rotary
Album: Rotary

Настани | Events

Придружи се на Facebook! | Find us on Facebook!

Следете не на Твитер | Follow us on Twitter

%d bloggers like this: