Во склоп на прославувањето 80 години постоење на Ротари во Битола, на 10 ти октомври, 2015 година, Ротаракт Клубот Широк Сокак организираше настан наречен “На кафе и локум во Старата битолска чаршија”. На настанот сите љубители на кафето беа почастени со кафе и локум, сервирано на традиционален начин и имаа можност да уживаат во изложбата на фотографии кои уште еднаш не потсетија на тоа како изгледала чаршијата во минатото. Секој посетител имаше можност да плови низ животот на битолската чаршија, разгледувајќи слики, да ужива во вистинското турско кафе и секако да прочита интересни факти поврзани со уникатната чаршија. Благодарност до Кафе бар Чаршија, местото каде што се одржа настанот.