Мотивациски Ротаракт Викенд 7-9 Април Охрид 2017

Мотивациски 3
Традиционално по третпат заедно со Ротаракт Клуб Скопје – Центар беше организиран национален Мотивациски викенд наменет за Ротаракт Клубовите од Македонија, кој оваа година се одржа во периодот од 7-9 Април во хотел Десарет Охрид. На мотивацискиот викенд присуствуваа 56 млади истакнати просперитетни лидери Ротаракторци од повеќе градови како Скопје, Битола, Охрид, Кавадарци, Куманово, Кочани и Неготино.
Целта на овој Мотивациски викенд е вмрежување и подобрување на личните, комуникациските и деловните односи помеѓу Ротаракторците со една цел- служење на заедницата. Учесниците поминаа прекрасни 3 дена во дружба со успешни Ротаријанци и Ротаракторци, со инспиративни и поучни сесии и тематски забави. Целта на семинарот беше подобро меѓусебно запознавање и вмрежување на Ротаракт членовите од Ротаракт клубовите од целата држава со цел од тоа да произлезат и многу заеднички проекти и секајо за доброто на заедницата со едни од најуспешните Ротаријанци од нашата земја. Беа разработени различни проблеми и дискусии на секоја од сесиите, на кои се дојде до решение и заклучок.
 
Ротаријанците во улога на предавачи на семинарот ги пренесоа своите успешни приказни и ги мотивираа учесниците и понатаму да и служат на заедницата најдобро што можат. Благодарение на прекрасните работилници и презентации учесниците имаа можност да стекнат основни практични вештини за лидерството, за деловно комуницирање и да ги прошират знаењата за Ротари и Ротаракт.
 
Посебна благодарност до предавачите за пренесеното знаење на овој семинар, Огнен Фирфов, Димитар Богов, Владимир Мујоски, Никола Бабовски, кои придонесоа за збогатување и проширување на видиците на учесниците од различни области.
ЛИНК до Галерија (Мотивациски Викенд #3)

Химна на Ротари | Anthem of Rotary

audio

Artist: Rotary
Song: Rotary
Album: Rotary

Настани | Events

Придружи се на Facebook! | Find us on Facebook!

Следете не на Твитер | Follow us on Twitter

%d bloggers like this: