Втор пат подготвени и поделени 200 оброци на социјално ранливите категории

@Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK во соработка со Ciflik WineryMillenium Kitchen & Bar , граѓанското здружение ‘’Утешител “ и членовите на Rotary Interact Shirok Sokak Bitola и овој викенд разделија 200 топли оброци во домовите на социјално ранливите категории во градот Битола.

Акцијата продолжува и ќе трае секој следен викенд.

Драги сограѓани, ве повикуваме да се придружите на акцијата. Секој од нас има вишок храна во својот дом. Да направиме секој ден топол оброк да ја зарадува трпезата во сечие семејство.
Вашето малку некому е многу!

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, секоја година една третина од храната што се произведува во светот пропаѓа. Од друга страна во Македонија годишно на депониите се фрлаат 5000 тони безбедна храна или околу 10 милиони евра – количина со која можат да се снабдат 13 илјади луѓе со по три оброка на ден или еден мал град во земјата. Со тоа нашата земја го заслужува десеттото место во светот за фрлање на храна.

Линк до слики

Настани | Events

Придружи се на Facebook! | Find us on Facebook!

Следете не на Твитер | Follow us on Twitter